Извајаното тело на 45 годишниот Дејвид Бекам му е прекриено со бројни тетоважи.
Најстариот син во семејството Бекам, Бруклин, исто како славниот татко има фетиш кон тетоважите кои ги има десетина, а по нивните стапки тргнал и 17 годишниот Ромео.
Помладиот син на Дејвид и Викторија Бекам се пофалил со својата првата тетоважа под левата надлактица за време на одморот на плажа. На делот на ребрата, место за кое се вели дека е најболно за тетовирање, храбриот Ромео насликал нешто налик на шкорпија.
За посета на тату мастор младиот Бекам требало да добие согласност од родителите бидејќи сè уште е малолетен, а се чини дека тие немаат ништо против тој тип на мода.