
Кристијано Роналдо беше прогласен за најдобар играч на векот во Дубаи. Фудбалерот пристигна на доделувањето на Globe Soccer Awards со својата свршеница Џорџина Родригез, а убавата Шпанка го засени својот вереник и ги остави сите присутни без здив.
Џорџина носеше црвен фустан на доделувањето на наградите кој ги откриваше нејзините нозе и деколте, а се чини дека повеќето фотографи ја бркаа само неа. Роналдо ја усклади бојата на вратоврската со бојата на нејзиниот фустан.

Семејството на Кристијано Роналдо веќе неколку дена е во Дубаи, а престојот го искористија за краток одмор.