Сместено високо на Хималаите, малото кралство Бутан е мистерија за поголемиот дел од целиот свет. Многу уникатни работи се поврзани со оваа земја, како на пример во неа нема семафори и дека сите жители го слават својот роденден во ист ден, 1 јануари.
Околу 750.000 луѓе живеат во Бутан и ова е единствената земја во светот која има Министерство за среќа.
Иако звучи како утопија за сите што живеат во големите градови и губат многу време во транспортот, во Бутан нема семафори – едноставно не им треба.
Што се однесува до родендените, секој обичен патник ќе биде шокиран кога ќе слушне дека нема родендени тука – Бутанците го пресметуваат поинаку, кога на полноќ ќе отчука саатот дванаесет за Нова година, тоа е тоа, сите се една година постара. И заради административни причини, сите жители го имаат 1 јануари како свој датум на раѓање.
Бутанците исто така имаат сосема различни сфаќања за концептот на смрт – тоа е сосема нормално, дури се очекува од секој жител да размислува за смртта пет пати на ден. На тој начин, тие ја прифаќаат смртта како нормален дел од животот, а исто така учат да уживаат во животот повеќе, како и да не обрнуваат внимание на неважни работи, туку само на оние што се навистина важни.
На ова треба да се додаде и будистичкото верување во реинкарнација. На крајот на краиштата, будистите велат дека не треба да се плашите од смрт повеќе од фрлање стара облека.