Смрт која го шокираше Светот: Товарот на славата го презема на само 20 години кога се омажи за принцот

popara31 август, 20201min0
61877691

Принцезата Дајана е загина на 31 август 1997 година во сообраќајна несреќа во парискиот тунел. „Принцезата на народот“, како што беше наречена, ги освои срцата на луѓето ширум светот.

Принцезата Дајана е една од најомилените фигури во историјата на британскиот јавен живот, а на 36-годишна возраст трагично загина во сообраќајна несреќа во Париз на 31 август 1997 година.

Поранешниот телохранител на принцезата од Велс истакна дека многу работи би биле поинакви доколку Дајана би била жива денес. „Таа брзо би нашла решение за какви било несогласувања меѓу Хари и Вилијам и тие не би се одвоиле толку многу како што се сега. Тој додава дека принцезата би била многу тажна да знае во каква врска се нејзините синови денес.

Членот на британското кралско семејство денес би имала 59 години и таа цел живот ја воодушевуваше јавноста.

Принцезата Дајана го презеде товарот на славата врз себеси со тоа што се омажи за принцот Чарлс на 20-годишна возраст во 1981 година, а снимките од нивната свадба ги гледаа околу 750 милиони луѓе ширум светот. Нејзиниот бурен брак со нејзиниот 13 години постар сопруг траеше до 1996 година и една од причините, секако, беше неговата љубовница Камила.

Пред да западне во кралските заплети, Дајана сонувала за кариера како балерина. Но, нејзиниот сон беше брзо срушен затоа што и беше кажано дека е премногу висока со нејзините 178 см за да се занимава со тоа професионално. Сепак, како дете таа се здобила со друга вештина, а тоа е свирење на пијано. Таа беше толку добра што можеше да изгради успешна кариера надвор од тоа.

Дајана беше посебна на многу начини и се истакнуваше во тоа што таа беше единствената членка на кралското семејство која имаше работа пред да се омажи за наследник на престолот. Таа работеше со скратено работно време како учителка во градинка.

Дајана секогаш беше достапна и покажуавше благодарност. Таа беше пофалена и за нејзината хуманитарна работа. Таа ги прифати насловните страни на бројни списанија ширум светот, а под центарот на вниманието беше секој нејзин чекор. Сепак, кралицата Елизабета, наводно, не ја фаворизираа. Некогаш истакна дека „не е една од нив“ алудирајќи на нејзиното „обично“ потекло.

Принцезата од Велс беше наречена „принцеза на народот“ и луѓето ја обожаваа дури и по разводот од Чарлс.

Принцезата Дајана загина во сообраќајна несреќа во тунелот Понт де Ала, а возачот на автомобилот изгубил контрола над возилото поради бројните папараци кои летале околу автомобилот. Во несреќата загина нејзиниот партнер Доди Фајед, како и возачот Анри Пол. Принцезата беше погребана на 6 септември истата година, а на погребот присуствуваа околу 2,5 милијарди луѓе.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag