Еден 72 годишен маж од американската држава Њујорк е избоден со нож за врeме на конференциски видео повик во кој учествувал преку интернет платформатаZoom.
Убиството на човекот го сторил неговиот син, а останатите учесници во конференцијата кои биле сведоци на убиството повикале итна помош.
Откако го избодел својот татко Двајт Паузер, 32 годишниот Томас Скали Паузер избегал низ прозор, при што се здобил со полесни повреди, а по еден час бил уапсен недалеку од местото на настанот.