Лекар од Индија спасил пациент заразен со вирусот корона, кој се обидел да скокне од четвртиот кат на болницата. Лекарот, како што може да се види во видеото објавено на социјалните мрежи, излегол низ прозорецот во заштитна облека и успеал да го повлече човекот назад во собата.
Инцидентот се случил во болницата во градот Џабалпур.
Полицијата брзо се појавила на лице место, а собраните луѓе ја ширеле облеката обидувајќи се да го фатат човекот. Меѓутоа, откако докторите се вклучиле и разговарале со него, човекот се премислил.
Човекот останал да седи додека не излегол лекарот и го спасил, а овој потег бил поздравен со аплауз. Иако не се познати мотивите, разни истражувања покажаа дека пандемијата на корона вирусот довела до зголемување на менталните заболувања и самоубиствата заради депресија и вознемиреност.