„Патувајте драга Исидора, оставивте неизбришлив белег“
Целата јавност беше погодена од веста за смртта на писателката Исидора Бјелица, која вчера ја загуби битката со карциномот, на 52-годишна возраст…
Јелена Карлеуша објави на Инстаграм порака за поддршката што ја доби од Исидора во еден од најтешките моменти од животот, кога ја загуби својата мајка Дивна, која исто така почина како резултат на малигна болест.
Јелена ѝ посвети потресни зборови на Исидора и не криеше колку е погодена од оваа ужасна вест.
„Нашите животи на Земјата се само дел од патот. Она што го оставаме како трага само после нас има смисла … А како што ќе нè паметат толку сме биле „големи“. Патувајте драга Исидора, оставивте неизбришлив белег. Сега нема болка, проблеми, пречки … Само чиста енергија на која навистина ѝ припаѓаш “, напиша Јелена.