Со овие совети повеќе нема да имате расцветани врвови на косата

popara4 јуни, 20201min00
Screenshot-2020-06-03-at-14.18.50-790x473

Расцветаните врвови се најголен кошмар за секого особено ако решите да ја пуштате косата, бидејќи она што треба да го направите е сосема спротивно од желбата. Според фризерите најдобро решение е да ја скратите косата, но сепак има неколку начини кои ќе ви помогнат во превенција на оваа несакана појава. Правилната нега го спречува цветањето на косата и драстично го пролонгира времето до следното задолжително шишање. Но прво мора да го решиме основното, ако не сакате да се ишишате, а косата ви изгледа како сува слама, запрашајте се што ќе ви е долга коса ако не е негувана и ако делува нездраво па дури и неубаво?

Сега може да преминеме на следниот чекор, односно правилна нега. Освен ако сте во брзање немојте да ја сушите косата со фен, туку оставете самата да се исуши, а со доаѓањето на топлото време ова ќе ви биде уште полесно. Доколку косата ја изложувате на висока температура, без разлика дали е фен, пегла или фигаро, задолжително е да нанесете препарат кој ќе ја штити од топлина, а изборот за вакви препарати е навистина голем и се достани во секоја продавница за козметика.

Испуканите врвови се особено лоши за сувата коса па поради тоа ќе мора повеќе да ја хидрирате. Хранливата маска ставајте ја на косата барем еднаш неделно, а по миењето би било добро да на влажната коса нанесете и неколку капки некое масло за негување, на пример арганово масло. Некои експерти советуваат да ја исчешлате косата додека на неа има регенератор или маска со што би го спречиле цветањето на врвовите.

Со примена на овие неколку работи сигурно ќе бидете чекор поблиску до негувана и долга коса за која сонувате, па поради тоа веднаш почнете да ги применувате.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag