Најновиот, седми по ред филм на режисерката Софија Копола “On The Rocks” ќе ја има својата премиера кон крајот на оваа година.
Филмот, кој таа го режира по “The Beguiled” од 2017 година раскажува приказна за млада мајка (Rashida Jones) која по долги години повторно се поврзува со својот татко-плејбој (Bill Murray) на една авантура низ Њујорк.
“Филмот претставува судир на две генерации. Судир за тоа како тие генерации различно гледаат на врските, но исто така прикажува и како односот со родителите може да влијае на односот во љубовните врски. На оваа авантура таткото и ќерката тргаат со цел да го шионираат сопругот на ќерката. Има многу дијалози кои опфаќаат теми од животот, мажите и жените”