Сопругата и синовите не добија ниту цент: Откриено е на кого Кирк Даглас остави богатство проценето над 60 милиони долари

24 февруари, 20200
Capture

Според американските медиуми, последниот актер во Холивуд од Златната ера, Кирк Даглас, оставил 60 милиони долари во хуманитарни цели.

Неговите синови, меѓу кои и најпознатиот актер Мајкл Даглас, не добиле ниту еден цент од големата сума, која ќе биде поделена во фондацијата на Кирк, универзитетот „Сент Лоренс“, синагогата во храмовите Синај, детската болница во Лос Анџелес, театарот „Кирк Даглас“ и многу други институции.

Славниот актер, кој нè напушти на 7 февруари, само два месеци претходно го прослави својот 103 роденден.

– Со голема тага, моите браќа и јас објавуваме дека Кирк Даглас нè напушти. За светот, тој беше легенда, актер од златната ера на филмското творештво, кој исто така ги доживеа самите златни години, хуманитарец со чија посветеност кон правдата и принципите во кои веруваше, на сите нас ни постави стандарди на кои сите треба да се стремиме – рече тогаш Мајкл Даглас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *