СРАМ ЗА ПОЛИЦИЈАТА НА ЧИКАГО: Додека во градот се крадело и се рушело, тие дремеле и јаделе пуканки! Сега ги чека казна (ВИДЕО)

popara13 јуни, 20201min00
times

Тринаесет полицајци од Чикаго дремеа и се одмараа во канцеларијата за кампања на републиканецот Боби Раш на 1 јуни, додека насилните протести се ширеа низ градот заради смртта на Џорџ Флојд, објави градоначалничката Лори Лејтфоут.

На видеото се прикажани полицајци, вклучително и тројца надредени, кои спијат, јадат пуканки и разговараат по телефон. За инцидентот се дозна откако Раш ја разгледал снимката од безбедносната камера од неговата канцеларија.

Патем, демонстрантите влегоа во канцеларијата на 31 мај, по грабеж во блискиот трговски центар. Полицијата влезе во просториите следниот ден.

  • “Тие беа дури и толку безобразни што отидоа да направат кафе и пуканки, моите пуканки во мојата микробранова печка, додека разбојниците правеа хаос во фирмите под нивен нос, веднаш на нивен дофат. Тие беа опуштени и не се грижеа за тоа што им се случува на луѓето и на градот. Апсолутно не се грижеа “, додаде Раш, видно лут.

Полицијата во Чикаго објави дека започнала внатрешна истрага за инцидентот, а градоначалникот посочил дека во тек е идентификација на полицајците од снимката. Лајтфут изјави дека овој инцидент е „личен срам“ за неа.

  • „Можам да ви кажам едно, на ниту еден од нив нема да им биде дозволено да се кријат зад значката и да продолжат да се однесуваат како ништо да не се случило. Не повеќе, не во мојот и во вашиот град“, вети таа. Лајтфут му се извини и лично на Раш.

Треба да се потсетиме дека протестите во Чикаго, но и ширум Америка, беа покренати по смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд на 25 мај во Минеаполис, за време на брутално апсење. Флојд беше убиен од полицискиот службеник Дерек Шовин кога тој го држел коленото на вратот скоро 9 минути и со тоа го задушил.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag