Задругарката, Ана Корач, оваа недела ги оперираше градите во приватна белградска клиника и имплантираше дури шестка.
– Точно е дека сакам да вградам силикони, а во исто време да станам заштитно лице на клиниката. Цела недела се подготвував за оваа операција и навистина сум возбудена. Лекарот е прекрасен и јас се препуштив на неговите раце – рече Ана непосредно пред операцијата за „Блиц“.
По операцијата, таа изјави дека има ненормални болки.
– Леле, хорор, многу ме боли, но задоволна сум, едвај чекам да видам како ќе изгледа сè – кратко рече таа за „Пинк“.
Но, иако сите коментираат за тоа како заработила голема сума во „Задруга“, сепак решила да ги направи градите на компензација. Корачева ќе биде заштитно лице на приватната клиника, а за возврат ќе добие бујно деколте.
Да потсетиме, ова не е прв пат Ана да добие естетски интервенции на компензација. Така, пред нешто повеќе од една година, таа се согласи со одреден турски пластичен хирург да добие неколку операции бесплатно за реклама на својот Инстаграм профил.