Сталоне на прошетка со неговата ќерка во Малибу. Забележливи промени на неговото тело

popara18 јули, 20201min00
сдфсдфсдфсдф

Американскиот актер, режисер и продуцент Силвестер Сталоне (74) е една од најголемите sвезди на акциони филмови, а овој пат беше фотографиран во малку порелаксирано издание со својата најмлада ќерка Скарлет (18) на плажа во Калифорнија. Тој е една од најголемите sвезди на Холивуд, а овој пат беше фотографиран додека уживаше со својата ќерка на брегот во Малибу. Ѕвездата на филмот „Роки“ уживаше во сонцето, песокот и океанот во четвртокот попладне, а во таа прилика тој беше на прошетки, пиеше пиво во кафуле и не се грижеше за зафатениот распоред за снимање што го чека. Носеше црни шорцеви, маица и патики во иста боја, додека на главата носеше темни очила за сонце, кои изгледаа прекрасно на него.


Она што е различно во однос на неговиот изглед од порано е дека под кошулата може да се види поголемо стомаче, кое го доби за време на карантинот поради пандемијата „Ковид-19“. Исто така, тој повеќе не ја обои косата, па се забележуваат седи влакна, а не се знае дали престана да го прави тоа заради некоја нова улога.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma