Стивен од ‘That ’70s Show’ обвинет за силување на три жени: Му се заканува доживотна казна затвор…

popara18 јуни, 20202min00
Capture 3

Фатен е во средата, но набрзо е пуштен бидејќи имал право на кауција од 3,3 милиони долари. Станува збр за обвиненија за силување кои наводно се случиле меѓу 2001 и 2003 година.

Глумецот Дени Мастерсон (44), кој го толкуваше ликот Стивен Хајд во легендарната серија ‘That ’70s Show’, овие денови го привлече медиумското внимание. Обвинет е дури за три случаи на силување, јавува CNN.

– Мастерсон е невин, уверени сме дека ќе биде пуштен кога сите докази конечно ќе излезат на виделина и сведоците ќе имаат можност да сведочат – вели неговиот адвокат Том Месерау.

Canon Appreciation Reception Celebrating 20 Years Of Sponsorship Bellagio Hotel & Casino - Las Vegas

Додаде дека глумецот и неговата сопруга се во шок.

– Но сепак се утешени знаејќи дека вистината ќе излезе на виделина. Луѓето кои го познаваат господинот Мастерсон го знаат неговиот карактер и тоа дека овие тужби се лажни – кажува адвокаот.

Властите наведуваат дека глумецот е обвинет за силување на 23-годишна жена во 2001 година,  потоа 28-годишна жена во април 2003та и 23-годишна жена помеѓу октомври и декември 2003 година. Сите злодела се случиле во неговата куќа на Холивуд Хилс.

Судењето ќе се одржи на 18 септември, а ако му се докаже вината, би можел да добие 45 години зад решетки. А, не е исклучена ни можноста за доживотна затворска казна.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag