
Бразилката Ракел Бенети објавила привлечен домашен предизвик, во кој ја соблекла маицата додека имала топка на главата.
29 годишната бразилка од Сао Паоло ги предизвикала другите со strip-shirt предизвик во кој треба да ја соблечат маицата без да им падне топката од глава.
Еден од оние кои го прифатиле предизвикот е играчот на Манчестер Јунајтед од Србија, Немања Матиќ, кој одлично одговорил на предизвикот додека ги забавувал децата во својата градина.
Бразилката секако ги забавува фановите со своите вештини, а открила дека намерата и е да влезе во Гинисовата книга на рекорди, поточно да го сруши рекордот на Милена Домингез кој датира од 1997 година а се однесува на 55 197 допирања на топката без престан.