Оваа година добијте ја титулата во кршење јајца – во живо или онлајн – играјте Egg Smash со пријателите!
И сами знаете дека ситуацијата во која се наоѓаме ни го одложува нормалниот начин на живот, како и традиционалната прослава на празникот.
Бидејќи кршењето со јајца е еден од омилените семејни обичаи за време на празникот, студенти одлучија да не дозволат да им се одземе Велигден!
Ви ја претставуваме мобилната игра EGG SMASH, во која по првпат е овозможено кршење јајца од далечина!
Група студенти од Нови Сад, која е дел од We are the FUTURE of IT организацијата, својата идеја ја реализираа во соработка со IT компанијата Crystal Pigeon, а основачите се исто така – студенти. Заедно ја креираа играта, со помош на која може да направите декорација на јајца, да ги предизвиката пријателите на кршење па дури и од друг крај на светот!
Со избор на саканата боја или слика секој може да го осмисли своето јајце да биде различно, а за оние кои користеа дрвени јајца, имаме лоша вест – нема во понуда. Играта е фер, а победата слатка! Победникот го добива јајцето од противникот, а победничкото и собраните јајца, може да се користат повеќе пати. Покрај тоа што можете да се натпреварувате со пријателите и семејството, секој учесник се рангира на глобалната ранг листа.
Кој знае, може и вие да бидете светски шампион во ова игра?!
Играта е креирана за Android & IOS, а можете да ја преземете на овој линк.
Како настана Egg Smash
Eден од основачите на Egg Smash играта, Алекс Комосар, раскажува како дошле до ова идеја и нејзината реализација.
“На изработка на апликацијата работиме од 1 април, па немавме баш многу време за да реализираме се што имавме замислено, но целта ни беше да внесеме барем малку радост во затворените домови“, изјави Алекс.
“До идејата дојдовме гледајќи ги фотографиите од претходните семејни собирања за време на Велигден, и знаејќи дека ова година нема да бидеме во можност да се дружиме, почнавме да размислуваме како да го заобиколиме овој проблем. Имавме дискусија околу тоа и ете се роди идејата да се направи играта. Потоа, се собравме тим и многу брзо се реализираше. Колку малку време имавме, е и фактот дека чекавме одобрени за последната верзија од компанијата Apple“.
“На развојот на играта работеа 15 студенти, а поголем дел од нив се од смерот инженерско-информатички систем од Факултетот за технички науки во Нови Сад. Ни помогнаа и двајца студенти од смерот графички дизајн и уште тројца студенти од инженерски менаџмент, сите дел од Факултетот за технички науки“, додаде Алекс.
Организацијата на студенти We are the FUTURE of IT, веќе четири години организира истоимени конференции на Златибор. Покрај тоа, работиме на уште неколку локални програми, од кои едниот е планиран да се реализиран веднаш после велигденските празници. Станува збор за кратки и интересни курсеви за програмирање, кои ќе се држат исклучиво за студенти и се разбира дека ќе бидат бесплатни. Целта на овој проект е преку работа да се овозможи колегите студенти да се стекнат со дополнително усовршување во областа која ги интересира, како и спој на студенти и компании.