Американски ловци F-22 пресретнале кај крајбрежјето на Алјаска две групи руски бомбардери Tu-95 кои се нашле во зоната на идентификација на американската противвоздушна одбрана.
Една група од бомбардерите се доближила на 13 километри од американскиот воздушен простор.
Иако руските авиони останале во меѓународниот воздушен простор ова пресретнување било најблиско до американските територијални граници во последно време.
Како што се наведува, поддршка на американските авиони F-22 биле авиони- танкери KC -135 „Stratotankers“ и авакси.
Групата на руски авиони ја чинеле бомбардери Tu-95, ловци Su-35 и авиони A-50.