СВЕДОШТВО ОД ЖРТВА НА СЕРИСКИОТ СИЛУВАЧ НА ПРЕКУ 100 ЖЕНИ: “ЅВЕРОТ Е ГРК ОД КАВОС”

popara9 јуни, 20202min00
grk

Шокантно сведоштво нa жртвата на Ѕверот од Кавос: „Ме удри, ме силуваше и се закани дека ќе ме убие“. Сериски силувач беше уапсен кон крајот на мај, откако се паднал во бездна додека бегал од полицијата.

Жена (34), уште една жртва на серискиот насилник познат по прекарот „Ѕeверот од Кавош“, откри шокантните детали за нападот при давање изјава за полицијата. Таа рече дека силувачот „ја удрил, силувал и се заканил дека ќе ја убие“.

Според нејзиното сведочење, Гркот Димитрис Аспиотис, осомничен дека силувал дури 100 жени, се појавил на 4 мај во куќата каде што престојувала заедно со партнерот, пренесува грчката Prototema.

Таа рекла дека Димитрис бил со нејзиниот партнер пријател на Фејсбук и дека знаела кој е тој, како и дека не го сакала во нејзината куќа затоа што знаела „дека тој силувал две Англичанки во минатото“.

  • Спиев и кога се разбудив, видов дека дечко ми не е до мене. Потоа некој затропа на вратата, а кога ја отворив, го видов осомничениот. Тој ми кажа како моето момче излегло на пијалок и дека мораме да одиме по него – рече жртвата.

Таа рекла дека долго време оделе по некои валкани патишта и дека била исплашена. Во тој момент, започнал нејзиниот најлош кошмар.

  • Ме фати за коса и ме удри неколку пати по главата. После тоа, ме силуваше и се закани дека ќе ме убие – рекла таа.

Говорејќи во емисијата „Со тебе“, адвокатот на 47-годишниот го пренел ставот на обвинетиот дека е невин. Тој тврди дека сексуалниот чин бил консензуален и дека грчките и британските медиуми го гониле заради неговото минато.

  • Ја одлежа казната и се обиде да започне од почеток – рече адвокатот на осомничениот.

Кој е „ѕверот од Кавос“?

„Сверот од Кавос“, како што беше наречен, беше осуден во 2012 година на 53 години затвор за силување на дури 100 жени, меѓу кои и неколку британски туристи.

Тој беше предвремено ослободен на почетокот од август 2019 година.
Во почетокот на мај, една жена од Албанија го обвини за киднапирање и силување неколку пати. Наводната жртва, која била пријавена за исчезната два дена порано, била пронајдена пред две недели во пештера каде насилникот наводно ја чувал и од каде успеала да избега.


Партнерот на жена Албанка, кој го пријавил нејзиното исчезнување, и рекол на полицијата дека се сретнале со осудениот силувач ноќта пред таа да исчезне.
„Ѕверот од Кавос“ беше уапсен по спасувачка операција која траела скоро три часа, откако тој паднал во бездната додека бегал од полицијата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag