Свештеник измислил “драјв ин” исповеди, верниците чекаат на паркинг!

popara8 април, 20201min00
свештеник

Послки свештеник измислил “драјв ин” исповеди на паркингот пред неговата црква во Варшава, за да можат верниците во време на коронавирусот да побараат прошка за сторените гревови во пресрет на Велигден.

Свештеникот Матеуз Киеларски седи на паркингот и заштитен со маска ги слуша верниците навалени на прозорите од автомобилите.

“Од своите возила можат да се помолат за својата душа а истовремено да го заштитат телото од зараза во овие тешки времиња”, изјавил тој.

“Драјв ин” исповедите се организираат и во неколку американски сојузни држави.

Илјадници католици од петок го слават Велигден, еден од најважните празници во христијанскиот календар, во време на строги ограничувања на социјалниот живот заради ширење на коронавирусот.

Во Полска, една од најрелигиозните држави во Европа, забранети се собири со повеќе од двајца, а миса смеат да слушаат само петмина.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag