Светот е на работ на студена војна

popara25 мај, 20201min00
10166712485e88c35900f2c619520562_v4_big

Според министерот за надворешни работи на Кина Ванг Ји, САД, и Кина се на работ на студена војна, поради обвинувањата од страна на претседателот на САД Доналд Трамп дека Кина е виновна за пандемијата на корона вирусот.

Како што е познато епицентар за ширење на пандемијата се смета градот во Кина Вухан каде за прв пат кој крајот на минатата година се појави првиот заболен од кора вирусот кој до денес одзеде 340 000 животи.

Последниве неколку недели Трамп редовно ги обвинува кинеските власти дека доцнеле се пренесувањето на важните информации за ширењето на вирусот што според него можело да се запре.

„Покрај штетите кои ги нанесе корона вирусот постои уште еден вирус кој се шири во САД, а тоа е политичкиот вирус, кој не престанува да ја обвинува и напаѓа Кина“ – изјавил шефот на кинеската дипломатија не наведувајќи го името на претседателот на САД.

Тензијата помегу Пекинг и Вашингтон е зголемена изминатииве две години поради трговската војна која ја започна Трамп со што и девете земји една на друга си ги зголемуваат царините за увозна роба, што има влијание и на меѓународната трговија.

Пандемијата само ја зголеми тензијата мегу двете светски сили.

„Некои американски политички сили ги користат овие односи меѓу САД и Кина и ги буткаат двете земји кон студена војна.“ – изјавил Ванг.

Трамп изјави дека не ја исклучува можноста да побара од Кина да плати повеќе милијарди долари оштета поради вирусот, а САД бараат и меѓународна истрага за потеклото на вирусот.

Ванг на тоа рекол дека Кина е спремна на меѓународна соработка за индетификување на изворот на вирусот, но изјави дека таа истрага треба да биде личена од било какво политичко мешање.

Во понеделникот кинескиот претседател Си Џинпинг рекол дека ја подржува идеата за „сеопфатна проценка“ на состојбата на светот по завршуваењето на пандемијата. Во годишното излгање пред СЗО минескиот претседател преку видео порака ги отфрли сите обвинувања за пропусти во однос на справувањето на неговата земја со вирусот и даде гаранција дека Кина останува транспарентна и одговорна во однос на тоа прашање.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag