Мостот со висечки градини ќе обезбеди подобра врска со селото Берси, вештачко село полно со кафулиња и продавници ..
Висечките градини во Вавилон, или градините на Семирамис, би можеле наскоро да изникнат во Париз. Француски уметници и архитекти од Рескубика им предлагаа нов проект на градските власти за заживување на едно од седумте чуда на светот во главниот град.
Доколку проектот помине, Париз ќе има нереален мост со водопад, како и висечка градина над реката Сена која ќе го носи името според легендарните градини на античкиот Вавилон. Мостот со висечки градини е дел од еден поголем проект што ќе му даде на Париз моќен влез во градот што го заслужува и ќе служи како ново обележје што ќе го смени погледот, како и ќе го разубави стоењето во колоните за време на гужвите.
Покрај тоа, мостот ќе обезбеди подобра врска со селото Берси во 12-та аронизација. Селото Берси, исто така, наречено Вештачко село од Парижаните, е населба каде магацините од 19 век се обновени и претворени во кафулиња и продавници.