ТАЈНИ И НИМАЛКУ ПРИСТАПНИ! Соседите на Меган и Хари откриле како е да се биде нивни сосед!

popara31 мај, 20201min00
Capture-54

Уште откако решија да ја напуштат Велика Британија и да ја бараат својата среќа во Америка, Меган Маркл и принцот Хари не престанаа со интригирање на јавноста.

Токму заради ова, младата двојка скоро секој ден е на мета на разни медиуми и фотографи, кои сакаат да добијат увид во нивниот приватен живот. Меѓутоа, тоа ги чинеше добрососедските односи, во Лос Анџелес каде што се наоѓаат во моментов.

Имено, како што открил изворот, соседите на кралската двојка, не се воодушевени од фактот дека, поради доаѓањето на Меган и Хари, беспилотни летала и љубопитни медиуми постојано ја опкружуваат нивната населба, па ги нарекоа „соседи од пеколот“.

„Луѓето плаќаат милиони да живеат таму затоа што населбата е мирна и им дозволува приватност. Сепак, со доаѓањето на Меган Маркл и принцот Хари, животот на околните соседи се претвори во вистински хаос“, рече неименуван извор.

Исто така,  изворот открива како соседите се жалат на однесувањето на Меган и Хари.

“Комуницираат исклучиво меѓусебно и воопшто не се пристапни. Кога ги шетаат кучињата, не поздравуваат никого, а кога одат во локалната продавница, бараат да се затвори за другите купувачи, за да можат да пазарат во мир”, објасни изворот, заклучувајќи дека соседите на кралската двојка биле посреќни пред нивното доселување.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag