Легендарниот аргентински тенисер Гилермо Вилас (67) боледува од Алцхајмерова болест, пренесува новинарот Серхио Стјуарт.
Долго време немаше информации од славниот тенисер, се сомневаше дека страда од оваа злобна болест, но сега работите се појасни и очигледнo дека тоа е точно. Тој се наоѓа во Монако, каде што поминува време со семејството, кое се грижи за него.
Вилас беше сериозен играч во своето време, највисок пласман на второто место. Најголеми успеси му беа титулите на Australian Open (тој победи двапати), Roland-Garros и US Open.