
Во своите стории на Инстаграм, таа ги исполни желбите на обожавателите кои побараа фотографија од венчавка што не ја виделе порано, и сподели една на која Џастин отвора шампањ на подиумот и истура сè околу себе.
Црно-белата фотографија е направена на свадбен прием откако по втор пат во рок од една година ги дадоа брачните завети.
Имено, Хејли и Џастин прво се венчаа во тајност во Њујорк Сити Хол во септември 2018 година, а една година подоцна застанаа пред олтарот во капела во Јужна Калифорнија и повторно си рекоа „да“, но овој пат пред нешто повеќе од 150 гости.
Меѓу гостите, покрај нивните семејства и блиски пријатели, имаше и многу познати личности, како Кендал и Кајли Џенер,Камиле Мороне, попозната како девојки на Леонардо ди Каприо, Џејден Смит и многу други.