Деновиве на социјалните мрежи осамна едно необично писмо во кое млад човек го споделува своето емотивно искуство:
“Мојата вереница овој период работи од дома, додека јас и понатаму одам на работа. Се беше во ред додека не ми кажа дека јас ја загрозувам и дека е најдобро да се отселам некаде додека ова не заврши бидејќи можам да ја заразам. И реков дека и јас сум во ризик да бидам заразен, не сум среќен што морам да одам на работа, а и дека сега не сум во можност да се селам и да барам нов стан (не сакам да одам кај родителите бидејќи се стари и хронично болни), на што таа ми одговори дека морам да се снајдам.
Толку од она “и во добро и во зло, и во здравје и во болест. Засега живеам кај другар и кога ова ќе помине ќе побарам нов стан, а таа може да продолжи да живее сама, за да не ја загрозува никој. Разочаран сум и не ми паѓа на памет да се оженам со личност која во ваква ситуација ме брка на улица, мислејќи само на своето здравје”- заклучил тој.
Што мислите вие на оваа тема?