Секоја жена обожува чанти. Секакви модели и секаква боја. Нема крај на зависноста на жените од чантите.
Еве некои трендови кои мора да ги знаете:
Нерамни текстури
Ваков модел на чанти, мали, средни и големи се дел кој секогаш е присутен на модните писти. Сите модни дизајнери имаат барем по една ваква чанта во својата колекција. Оваа чанта нема никогаш да излезе од мода.
Рачни чанти
Сите модни куќи се доказ дека овој тип на чанти и денес се ултра познати и барани од секоја девојка.
Чанти како вреќа
Овој тренд започна уште во 2000г. , но сега повторно се во мода. Дали би имале храброст за вакви чанти?
Чанти со ланец
Знаеме дека ланецот е совршен додаток не само за чантите, туки и за ремените, кондурите, па дури и облеката. Овој извонреден детаљ е совршен додаток на чантите.
Мултинаменска чанта
Апсолутен тренд за ова година. Најголемиот хит на Инстаграм за 2020, можеби само за оние храбрите. Што велите, дали би сакале ваква чанта?
Огромна чанта
Секоја жена носи во својата чанта многу работи, а ретко која би се осмелила за ваков тип на чанта. Но модните трендови велат дека е вистински погодок.
Чанта со бамбус рачка
За пролетта 2020 година, дизајнерите бараа начини да вклучат повеќе природни елементи во нивните додатоци. Еден таков материјал што го забележавме на пистите беше бамбус, на рачките на самата чанта. Еве како изгледа тоа.
„Надувани“ торбички – Тренд кој стана познат преку ноќ!
Чанти со јаже– Извонредни за оваа пролет и ова лето!