Предлагаме да подготвите два традиционални десерти за Свети Никола кои можат да траат со денови и да имаат поубав вкус секој ден:
Баклава:
Потребно е:
1 пакување кори за баклава;
500 грама ореви;
малку шеќер;
200 грама суво грозје;
200 грама маргарин;
За шербет:
1 литар вода,
1 кг шеќер;
1 цел лимон.
Подготовка: Измешајте мелени ореви, шеќер и суво грозје. Потоа ставете ја кората од баклавата во плех за печење и посипете ја со мешавина од ореви, шеќер и суво грозје. Потоа ставете друга кора и редете додека не го потрошите целосно материјалот. Потоа исечете ја баклавата на ромбоиди ставете ја да се пече па прелијте ја со врел, стопен шербет.