Трамп ја мобилизира војската – “Јас сум вашиот претседател на мирот”

popara2 јуни, 20203min00
dfgdf

Американскиот претседател Доналд Трамп најави мобилизација на вооружените сили со цел да се сопрат нередите и демонстрации поради смртта на афромаериканецот Џорџ Флојд кој беше убиен во тек на неговото апсење од страна на полицаец белец.

“Јас сум вашиот претседател на мирот и редот и сојузник на сите мирољубиви демонстранти”, рече Трамп и додаде дека Америка е под опсада на актери со лоши намери. “Додека ова го изјавувам, распоредувам илјадници тешко вооружени војници и припадници на безбедносните сили за да се сопрат нередите, грабежите, вандализмот, нападите и уништувањето на сопственоста на граѓаните”, рече Трамп во обраќањето кон јавноста.

После обраќањето кон јавноста Трамп заминал кон блиската црква Свети Џон, која претходната ноќ била мета на нападите. Тука со неколкумина соработници кратко се задржал држејќи во рацете библија.

Мобилизацијата на вооружените сили е во склад со законот од 1807 година со кој се овозможува распоредување на американската војска на територија на САД и употреба против граѓани на Америка. Последен пат овој закон е применет 1992 во текот на немирите во Лос Анџелес кога поротата ослободи четворица полицајци кои го претепаа Родни Кинг.

Протестите низ Америка започнаа во Минеаполис каде Флојд почина како последица на бруталното апсење и брзо се проширија низ цела Америка и станаа насилни. Најмалку 5600 луѓе се уапсени ширум Соединетите држави од почетокот на демонстациите, покажуваат извештаите кои ги се изготвени од новинари на АП врз основа на објавите од полициските станици, објавите на Твитер и медиумските извештаи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag