Трамп: На другите може да им се суди но на Американците никако, тие се над законот!!

popara12 јуни, 20202min00
773805_w-56144628_ls

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го одобри денеска воведувањето економски санкции и ограничувањата за патувања за сите вработени во Меѓународниот кривичен суд (МКС) кои ги испитуваат или обвинуваат американските војници или разузнавачки службеници за можни злосторства во Авганистан, објави денес Белата куќа.

„И покрај бројните повици на Соединетите Држави и нашите сојузници за реформи, Меѓународниот кривичен суд не направи ништо за реформите и продолжува да спроведува политички мотивирани истраги против нас, или на нашите сојузници, вклучително и Израел“, се вели во соопштението на портпаролот на американскиот претседател. Неименуван висок американски службеник изјави денеска дека истрагите на МКЦ го нарушуваат националниот суверенитет на САД и изјави дека е можно Русија да покрене обвиненија против американски граѓани. Денес Трамп потпиша извршна наредба со која ги одобрува овие санкции.

Меѓународниот кривичен суд (МКС), со седиште во Хаг, беше формиран во 2002 година за судење на воени злосторства и злосторства против човештвото и геноцид во области каде сторителите не би се гонеле инаку. Неговата надлежност е призната од 123 држави. САД никогаш не биле член на Меѓународниот кривичен суд. Администрациите на обете страни во Соединетите држави, републиканците и демократите, беа загрижени за можноста за политички прогон на американски војници и службеници за наводни воени злосторства и други акти.

Соединетите држави добија ветувања од повеќето членови на судот дека нема да бараат вакви испитувања, знаејќи дека ризикуваат да ја загубат американската војска или друга помош. Сепак, обвинителите на МКЦ покажаа подготвеност да продолжат со истрагите на припадниците на американската војска, а на почетокот на оваа година тие покренаа една ваква истрага, која веднаш беше осудена од САД.

Главната обвинителк на судот, Фату Бенсуда, ги замоли судиите на тој суд да отворат истрага за наводните воени злосторства во Авганистан, во кои може да бидат вклучени и Американци. Судиите првично го одбија барањето, но Бенсуда поднесе жалба и истрагата беше одобрена во март.

Пресудата во жалбената постапка е прва со која беше одобрено обвинителот на тој суд да ги испита американските војници, со што меѓународниот суд директно и се спротивстави на администрацијата на Трамп.

Бенсуда се обврза да спроведе независна и непристрасна истрага и побара целосна поддршка и соработка на сите страни. Американскиот државен секретар Мајк Помпео тогаш ја осуди одлуката.

Случајот се однесува на наводите за воени злосторства извршени од авганистанските национални безбедносни сили, припадници на талибанците и мрежата Хакани, како и претставници на американските сили и разузнавачки службеници во Авганистан од мај 2003 година.

Обвинителот Бенсуда рече дека има информации дека припадници на американската војска и припадници на разузнавачките агенции извршиле дела на тортура, сурово постапување, навреда за лично достоинство, силување и сексуално насилство врз притворените лица во Авганистан и на други места, претежно помеѓу 2003 и 2004 година.

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, кон крајот на мај рече дека Соединетите држави се способни да ги казнат своите граѓани за кривични дела и не треба да бидат подложени на странски трибунал дизајниран да биде суд кој суди за случаи на воени злосторства кога судството во една земја не е во можност да го стори тоа.

Одлуката на Трамп за санкции против вработените во МКС е негов последен напад врз меѓународните организации, договори и спогодби кои не се прилагодуваат на неговата политика. Од стапувањето на должноста, Трамп ги повлече САД од Парискиот договор за климата, иранскиот нуклеарен договор и два договори за контрола на оружјето со Русија. Тој ги повлече Соединетите држави од Советот за човекови права на ООН и УНЕСКО, се закани дека ќе ја напушти Меѓународната поштенска унија и најави крај на соработката со Светската здравствена организација.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag