Претседателот на САД Доналд Трамп изјавил дека зема лек против маларија за да ги ублажи симптомите доколку се зарази со коронавирус, иако дејството на лекот против инфекцијата не е докажано.
Тој изјавил дека околу недела и половина зема хидроксихлорокин и цинк секој ден.
“Почнав да го земам бидејќи мислам дека е добар. Слушнав добри приказни”, кажал тој.
Хидроксихлорокинот кај некои пациенти може да има сериозни несакани ефекти, а засега нема ниту докази дека помага во лечење на коронавирусот.
Спротивно на советите на многу експерти за негова администрација, Трамп со недели го промовира хидроксихлорокинот како потенцијален лек против болеста Ковид-19.