
Продавниците во трговските центри во Малезија се отворија по два месеци, а вработените беа пречекани од грозоморната глетка на отворањето на продавниците и кината.
Поради фактот што вентилацијата и климатизерите во продавниците не работеа два месеци, уништени се кожни чевли, торби и многу други предмети и парчиња мебел.
Мувлата опфати стотици предмети во трговски центар во Малезија, а на неговиот профил слики беа објавени од Малезијанец. На сликите е прикажана огромната штета предизвикана од недостаток на вентилација.
Погледнете ги фотографиите.









