Туристи останале без пари, па еден месец се криеле во пештера додека не пројде короната.

popara20 април, 20201min00
indija

Шест странски туристи кои се криеле во пештера кога останале без пари, се пронајдени и ставени во карантин, соопшти полицијата.

Четворица мажи и две жени од Франција, САД, Украина, Турција и Непал живеат во пештера во близина на Ришикеш од 24 март кога беше воведен карантин во Индија.

Ришикеш е популарно туристичко место благодарение на Битлси кои се засолниле овде во 1968 година во потрага по мир и медитација.

Туристите сега се пренесени во Сварг Ашрам каде ќе останат во карантин 14 дена и покрај тоа што никој од нив не покажува симптоми на вирусот корона.

„Пред да се воведе забраната, тие биле сместени во хотел во регионот на Мини Ки Рети, но се преместиле во пештера кога останале без пари“, соопшти полицијата, додавајќи дека туристите сепак имале нешто пари за да купат храна и други основни работи.

Индија воведе карантин на крајот на март што ќе трае до мај.

Околу 700 странски туристи се „заробени“ во Ришикеш, а индиската влада отвори веб-страница „Заробени во Индија“(Stranded in India) за да им помогне на странците.

Во втората најнаселена земја во светот, со 1,3 милијарди луѓе, потврдени се 15.700 заболени случаи од  корона вирусот и 570 мртви.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag