Заради пандемијата на Корона вирусот во Италија, како мерка за претпазливост се затворија сите угостителски објекти. На Фејсбук се појавила снимка од 59 годишниот италијан Џан Марија Фенуа за кој италијанските медиуми наведуваат дека е сопственик на пицеријата Сасарија во Сардинија.
Кога сфатил дека ќе навлезе само во поголеми долгови ако чека два месеци да го отвори повторно својот угостителски објект, наместо да ја затвори вратата од истиот, одлучил да искрши се што е внатре.
На снимката која ја објавил, кажува дека за се го криви Корона вирусот.
“Фала ти Ковид-е” биле неговите зборови, додавајќи дека неможе повторно да отвори. “Не се лутам никому ниту пак сакам да пратам некаква политичка порака. Неможев да ги сносам трошоците заради Короната и одлучив се да уништам. Многу едноставно. А всушност сум воодушевен од интересот кој го потикна моето видео.”
Grazie al covid 19.
Gepostet von Ciondolo Fenu am Montag, 11. Mai 2020
Според кажувањата на локалните медиуми, тој поседува уште еден угостителски објект. “Не се грижете, нема и него да го уништам. Можеби сега повеќе ќе се посветам на припремите за светското првенство на производители на пица на кое учествував претходните години и на кое освојував признанија”