Украде накит од 60 милиони долари, па на себе ги стави нејзините дијаманти: Откриени се детали од грабежот на богатата наследничка

5 февруари, 20200
a

Куќната помошничка Марија Мистер е уапсена на аеродромот во Лондон додека носела обетки од 18 каратни дијаманти кои и припаѓале на Тамара Еклстон, вредни дури 300 000 фунти, пренесува „Daily Mail“.

Марија го ограбила домот на Тамара, украла накит вреден 60 милиони евра, a сето тоа со помош на нејзиниот син Емил Богдан. Двајцата се обвинети за грабеж на наследничката на поранешниот сопственик на Формула 1, Берни Еклстон.

Тамара за време на грабежот беше на одмор со сопругот и рече дека целата ситуација многу ја вознемирила.

Додека слугинката ја уапсиле на аеродромот Стенстед, синот го фатиле на аеродромот Хитроу, од каде се упатил во Јапонија. Тие ги отфрлија сите обвиненија против нив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi