По осумгодишната макотрпна борба со канцерот српската писателка Исидора Бјелица почина минатата недела во тешки маки. Последните денови била приклучена на вештачко дишење и било само прашање на време кога нејзиното измачено тело ќе ја изгуби борбата.
Српската писателка е погребана во Алејата на заслужни граѓани, а нејзината урна ќе биде положена на гробното место покрај политичарот Оливер Ивановиќ, кој е убиен во Сремска Митровица во 2018 година.
Синот на починатата писателка, Лав Григорие Пајкиќ изјавил дека погребот на неговата мајка ќе се одржи во кругот на семејството и пријателите.
– Знам дека многу луѓе ја сакаа мајка ми, но со оглед на ситуацијата во државата и пандемијата од коронавирус, ќе се собере само семејството, а сите оние кои сакаат да го посетат нејзиното гробно место ќе можат тоа да го направат и подоцна. Мораме да водиме сметка никој да не се зарази- изјавил Лав.