По деби-албумот “When We All Fall Asleep, Where Do We Go?” се покажа како една од најголемите музички феномени во деценијата и освои пет Греми награди, осумнаесетгодишната Били Ајлиш продолжува да претставува нов материјал и се враќа со нов сингл „ my future“.
„Ја напишавме оваа песна на самиот почеток на карантинот. Во тој период, поминував време работејќи на себе, се чувствував многу оптимистично и возбудено, така што песната беше одраз на тоа.
Во меѓувреме, доби ново значење во контекст на она што во моментот се случува во светот. Се надевам дека секој ќе пронајде некое посебно значење во неа “, откри Били.
Слушнете го новиот хит на популарната музичка ѕвезда: