Уште еден месец до летото: интересни факти за најдолгиот ден во годината!

popara21 мај, 20202min00
солстициј 3

Солстициј или сонцестој (лат. solstitium) е најдолгиот ден на северната земјина полутопка и го означува почетокот на летото, додека на југот тоа е најкраткиот ден и знак за почеток на зимата. Оваа година денот се паѓа на 20 јуни.

Како го добил своето име?

Солстициј доаѓа од латинските зборови sol (сонце) и sistere (мирува), бидејќи се чини дека тие денови положбата на сонцето не се менува.

Необични ритуали

Народите ширум светот го слават овој ден од памтивек. Овој ден е повод за собирање околу логорски огнови, а светскиот рекорд го држат Норвежаните кои во 2016 година поставиле логорски оган од 47 метри. Во старите времиња летниот солстициј бил посветен на вилите, магиите и необичните ритуали.

Излегувањето на сонцето во Стоунхенџ

Десет илјади посетители облечени како друиди и магионичари тргнуваат во зори во поворка со песна, ритуални танци и звуци на тапани пред Стоунхенџ, која е една од најстарите опсерватории од каде се сметало времето.

Нова година во Египет

Во древниот Египет нетрпеливо се очекувал летниот солстициј и појавата на ѕвездата Сириус која го означувала времето за пловење по реката Нил. Надојдената река би донела плодна почва и верување дека нема да има глад. Затоа Египќаните со летниот солстициј го означувале почетокот на новата година.

Магични растенија

Иванова ноќ се подудрува со летниот солстициј, а за неа се врзуваат жетвите, но и собирањето на лековити растенија, бидејќи се верувало дека токму тогаш тие имаат силна моќ и дејство. Се палеле огнови за да се истераат лошите духови, а црквените ѕвона ѕвонеле цела ноќ. 6

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag