Уште социјална мрежа му пркоси на Доналд Трамп!

popara5 јуни, 20201min00
трамп

Компанијата „Snap“ објави дека повеќе нема да го промовира профилот на Претседателот на САД, Доналд Трамп, во делот „Search“ на „Snapchat“, заради неговите лоши коментари минатата недела.

„Ние нема да ги промовираме оние кои поттикнуваат расно насилство и неправда со тоа што ќе им даваме бесплатна промоција на „Snapchat“, објави компанијата „Snap“.Тие потенцираат дека „расното насилство и неправдата немаат место“ во американското општество и дека се со оние што бараат мир, љубов, еднаквост и правда во Америка.Вредноста на акциите се намали за 2,4 проценти по оваа објава.Профилот на Трамп на оваа мрежа, која главно се состои од објавувања за кампањи и не содржи реторика што тој обично ја користи на Твитер, ќе остане достапна за јавноста, односно за корисниците кои го следат или го пребаруваат. Менаџерот на Трамп од изборниот штаб, Бред Парскал рече дека оваа мрежа промовира „екстремно лоши снимки од насилство“ и ги охрабрува корисниците да ја „уништат Америка“.Трамп веќе некое време е во војна со социјалната мрежа Твитер, затоа што таа ги покани корисниците да ги проверат фактите претставени во два негови твита.Во таа прилика, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша уредба со која се ограничува заштитата на социјалните мрежи од правна одговорност за содржината објавена од нивните корисници.Компаниите како Твитер и Фејсбук имаат заштита од одговорност согласно член 230 од Законот за комуникации затоа што тие се третираат како „платформи“ наместо „издавачи“ кои можат да се соочат со тужба за содржина.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag