Катастрофални слики пристигуваат од Бразил, од болница во која пациенти заболени од корона вирус се борат за воздух, а веднаш до нив пациенти кои штотуку ја имаат изгубено битката.
Снимки од умрени пациенти од Бразил го преплавија светот, а со тоа се појасни ситуацијата во која се наоѓа земјата, а во која претседателот Болсонара, го отпушти министерот за здравство бидејќи сакаше да се бори против вирусот.
Во шокантните видео снимки, за кои се верува дека се направени од страна на медицинска сестра, се гледаат тела на умрени пациенит од корона вирус како лежат веднаш до пациентите кои се борат против оваа опасна болест во болницата Жоао Лусио во Манаус, во северната покраина Амазонија.
Снимката и веста кои доаѓаат од болницата предизвикуваат гнев кај граѓаните во земјата во која претсестаделот Жаир Болсонаро го отпушти министерот за здравство Луиз Хенри Мандет кој побара власта да започне борба против пандемијата.
Експертите проценуваат дека пикот од корона вирусот ќе биде следната недела, но Болсонаро и понатаму тврди дека тоа е “само мал грип“ и дека “животот е непроценлив, но економијата и вработеноста мора да се вратат во нормала“.
Мендет, кој е угледен ортопед, подготвуваше изолација на жителите и мерки со кои ќе се запази социјалната дистанца.
Во врска со снимката, државниот секретар за јавно здравје изјави дека жртвите кои се гледаат, умреле во ноќта помеѓу 15 и 16 април.
Бројот на жртвите од Covid-19 во Амазонија достигна 1.719. Според податоците, најголем број на инфицирани лица е во Бразил – 303 случаи на еден милион граѓани.
Според последните податоци, американскиот Универзитет Џон Хопкинс, Бразил до сега има вкупно 21.000 заболени, а 1.952 починати од корона вирусот.