Дејвид Бекам (45) го покажал своето извајано тело кое не го запушитил воопшто и покрај тоа што не игра повеќе фудбал.
Бекам е виден на плажа во Грција со ќерката Харпер Севен (9) и синовите Бруклин (21), Ромео (17) и Круз (15). Веселото семејство заедно пливало и се забавувало во морето, а посебно убава глетка била онаа како Дејвид ја држи ќерка си во раце.
Додека тие петмина уживале во смејната идила, сопругата и мајка Викторија (46) никаде ја немало. Тоа веднаш предизвикало шпекулации за брачни проблеми на славните сопружници.
Модната дизајнерка останала да работи во Велика Британија или едноставно се повлекла. Во последните денови Викторија споделувала фотографии од своите колекции и се посветила на работата, иако претходно британските медиуми пишувале дека таа е во долгови и дека нејзиниот сопруг не сака повеќе финансики да и помага.