Пекинг снимаше анимиран филм како одговор на оптужбите на американската адмиснитрација дека Кина е виновна за епидемијата на коронавирусот.
Во анимираниот филм под наслив “Беше еднаш еден вирус” Пекинг се потсмева со реакцијата на американската администрација на епидемијата на коронавирус и на некој начин ја продлабочува вербалната војна на релација САД-Кина.
Американскиот претстедател Доналд Трамп неодамна изјави дека видел докази за потеклото на коронавирусот од лабораторија во Вухан.
Кина одговорила со анимиран филм каде главни ликови се кинсеки војник од теракота и Статуата на слободата, а клучно е финалето каде Слободата вели дека секогаш е во право, дури и кога се демантира самата себе.
Анимираниот филм завршува со чудење на Статуата на слободата која изненадено вели: “Па што, тоа е само вирус”.
На неодамнешна конфенернција американскиот претседател изјавил дека кинеското управување со коронавирусот е доказ дека Пекинг ќе направи сè само за тој да ги изгуби претстојните претседателски избори во ноември.