Борбен авион на САД Ф-22 се урна вчера за време на „рутинскиот лет“ на Флорида, а пилотот успеа да се катапултира, соопштија од американските воздушни сили.
Пилотот бил пренесен во локална болница во воздухопловната база Иглин „за набљудување и проценка“ и е во стабилна состојба, јавува CNN.
Несреќата се случила на околу 20 километри североисточно од базата и немало материјална штета или човечки загуби.
Властите го испитуваат инцидентот.