
Актерот се обидува на некој начин да скрие важни датуми во неговиот живот, за да не создаде дополнителна помпа во јавноста.
Кантри музичката пејачка Шанија Твен испрати јавна порака до Бред Пит, преку Twitter, а потоа започна лавина од коментари и добри желби.
Актерот вчера го прослави својот 57-ми роденден, а доби честитки од целиот Свет.
Неочекувано, му се обрати пејачката препознатлива по хитот од 1997 година „That Don’t Impress Me Much“.
“Добро, ти си Бред Пит? Тоа не ме импресионира”, пееше таа, мислејќи на убавиот изглед на актерот.
„Среќен роденден на Бред Пит, ќе направам исклучок денес“, се пошегува на Twitter, додавајќи емотикон што испраќа бакнеж.
