Софија е една од најбараните актерки во Холивуд, а многумина ја фалат нејзината витка фигура со години. Таа откри како ја одржува линијата со правилна исхрана и вели дека не верува во диети.
Ѕвездата од серијалот „Модерно семејство“, Софија Вергара (47), никогаш не престанува да ги воодушевува следбениците со нејзиниот прекрасен изглед. Таа неодамна се присети на одморот на грчкиот остров Миконос и објави фотографија од плажа. Со тоа Софија навести дека и недостасува топлина и сончање на плажите. Фотографијата „собра“ повеќе од 450.000 лајкови за помалку од еден ден.
Софија е една од најбараните актерки во Холивуд, а многумина ја фалат нејзината витка фигура со години. Таа откри и како ја одржува линијата.
– Не премногу храна, не премногу вежбање. Сè во умерени количини – рече таа во една прилика.
Една од нејзините закуски за појадок е домашно мусли кое содржи јогурт, овес, чиа семе, ореви и боровинки. Зафатената актерка обично имала лесни ручеци и вечери.
„Никогаш не сум верувала во лудите диети, па затоа обично се обидувам да јадам здраво“, рече таа.