Односот помеѓу двајца луѓе може да биде различен на повеќе начини.
Постојат парови кои се сакаат, добро се сложуваат и се почитуваат, но и покрај сето тоа, се поддржуваат и заедно растат и се развиваат.
Дали сте слушнале за феноменот на Микеланџело и за тоа колку е добро да го имате во врската? Еве што тој всушност претставува.
Уметникот Микеланџело сметал дека неговата задача е да ја покаже убавината во уметноста. Овој негов став го добил името Феноменот на Микеланџело, а потоа тој е пресликан и на човечките односи и врски, па по него е објаснето што е најдобро да постои меѓу партнерите. Доколку се наоѓате пред важна приватна или службена одлука, најпрво се потпирате на партнерот, кој треба да ве поддржи и да ви даде сила да се развивате и понатаму. Ако помеѓу двајца луѓе постои обострана поддршка, каде секој проблем или прашање се решаваат со помош на истата, тогаш можете да се радувате, бидејќи покрај себе имате одличен партнер.
Научниците откриле дека љубовта може да се засили до тој степен што партнерите можат со взаемна помош да се обликуваат еден со друг во личности какви би сакале да бидат. Но често еден или двата партнери мораат да поднесат значајна жртва или да се откажат од некои цели.
Клучот за блиска врска е да се пронајде решение кое на поединци ќе им овозможи да продолжат да се стремат кон своите идеали. Основните човечки потреби се за припаѓање и за автономија- односите се подобруваат кога тие два вида на потреба се дополнуваат.
Ако тоа навистина се случува во вашата врска, тогаш кај вас е присутен ефектот на Микеланџело. Таквите парови се однесуваат на следниов начин: си помагаат еден на друг да ја развијат “убавината“, односно ги остваруваат потенцијалите, заедно растат и ги остваруваат своите соништа. За здрава врска овој феномен е многу важен, бидејќи тоа значи дека партнерот секогаш ќе ви помогне да се развивате и ќе биде покрај вас.
Спротивно од овој ефект, ефектот Менхетен доведува до тоа заради страв од губење на партнерот, другиот да спречува партнерот да си ги оствари своите цели и соништа и да напредува во секоја смисла. Овој став доведува до тоа луѓето да го спречуваат својот партнер во напредувањето, па дури и да го уназадат.
Ваков однос може да биде многу токсичен доколку се препуштите на мислењето дека вашиот партнер тоа го прави со најдобри намери. Ова е нешто што доведува до нездрав однос, ако од почеток не се исече од корен и не се продолжи со нормално однесување и поддршка на партнерот, барем во одредени ситуации.