Инцидентот се случил во градот Гвадалахара, главниот град на мексиканската држава Халиско.
Снимката која се прошири на друштвените мрежи покажува група на полицајци на мотори како се обидуваат да растераат демонстрантите.
Во еден момент, еден од демонстрантите, полива по грб еден од полицајците и го запалува, по што полицаецот паднал на земја. Неговите колеги и дел од демонстрантите веднаш притрчале за да му помогнат и да го изгаснат оганот.
Протестите во Мексико започнаа по смртта на Џовани Лопез (30) кој бил уапсен недалеку од Гвадалахара. Неколку часа откако бил уапсен, од затворот бил пренесен во болница каде и починал. Неговиот брат објавил видео на кое се гледа како полицајците користат прекумерна сила при неговот апсење. Се појавиле и информации според кои Лопез бил уапсен поради тоа што не носел маска на јавно место со што не ги почитувал мерките за безбедност. Тоа било демантирано од властите и случајот се уште се испитува.
Поради ова Лопез е познат и како мексиканскиот Џорџ Флојд, по многу попознатата жртва на полициската бруталност во Минеаполис.