Вистина, три видови на коронавирус потекнуваат од лилјаци, но ниту еден не е САРС-КоВ-2

popara24 мај, 20201min00
сарс

Институтот за вирусологија во Вухан, кој САД редовно го обвинуваат дека е изворот на коронавирус, има три живи видови на коронавирус од лилјаци, но ниту еден не одговара на вирусот САРС-КоВ-2 кој за неколку месеци зарази повеќе од 5 милиони луѓе. Ова го изјавила директорката на Институтот.

Според анализите, новиот коронавирус најверојатно е пренесен на човек од некое животно. Обвинети се живите пазари во Вухан на кои се продаваат живи диви животни.

Но, постојат многубројни теории кои тврдат дека вирусот потекнува токму од Институтот за вирусологија кој е оддалечен неколку километри.

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео најавил истрага за да се утврди дали теоријата за потеклото на вирусот од лабораторија е точна, до досега нема никакви докази кои би ја потврдиле теоријата.

Директорката на Институтот смета дека теориите се чиста измислица.

“Како и сите и ние не знаевме дека вурусот постои”, изјавила таа. Таа исто така рекла дека Институтот е добро изолиран и дека добил неколку коронавируси од лилјаци.

“Имаме три живи видови, но ниту еден не се поклопува со вирусот САРС- КоВ-2”. Исто така Институтот во Вухан ги проучува најубиствените патогени на светот.

Научниците од овој институт помогнале за подобро запознавање на новиот вирус, од почетокот на пандемијата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag