Ако мислевте дека само нејзиниот драг Кристијано Роналдо напорно тренира, ужасно се излажавте. Аргентинката Џорџина Родригез инаку не ја напушта приватната теретана , а не ги пропушта тренинзите каде и да е.
Волшебната латина Џорџина Родригез, која го заведе фудбалерот Кристијано Роналдо пред неколку години, денес е една од најпознатите светски икони на социјалните мрежи. Таа го користи својот јавно достапен профил на Инстаграм како најдобра самопромоција, а тоа ѝ носи значителна заработка.
Атрактивната црнакиња се наосчи кон фитнес бизнисот и сега рекламира голем број производи за вежбање и здрав физички активен живот. Една таква кампања неодамна беше снимена на луксузна јахта во Медитеранот, во која главната улога ја имаше токму 26-годишната свршеница на Кристијано Роналдо.
Облечена во тесна опрема за вежбање во светло сина боја, која се состоеше од хеланки и минијатурен топ, Џорџина покажа се што знае и умее.
На лакот на бродот и на работ на овој луксузен брод, таа покажа некои од вежбите со кои ја одржува својата планетарно популарна фигура.
Инаку, Џорџина се занимава со спорт уште од раното детство. Таа беше многу успешна и талентирана балерина, а танцувањето и денес е нејзина голема љубов.