Ферментираната храна, како јогурт, кефир, кисела зелка, друи и кисели краставички, го подобруваат здравјето на нашиот дигестивен систем и исто така може да имаат позитивен ефект врз расположението. Оваа храна е исто така важна за време на самоизолацијата, и еве зошто!
Процесот на ферментација им овозможува на бактериите да се размножуваат и да го претворат шеќерот во алкохол и киселини. Во текот на овој процес, се создаваат пробиотици, микроорганизми кои го стимулираат развојот на здрави бактерии и можат да го подигнат нивото на серотонин во организмот.
Серотонинот влијае на чувствата и расположението, апетитот, „реакција“ на телото и умот на стресот и поттикнува нагон за водење љубов. До 90 проценти од серотонинот се произведува од здрави бактерии во дигестивниот систем. Исто така, постојат истражувања кои покажуваат дека високи нивоа на здрави бактерии во тој систем се поврзани со помал ризик од депресија.