ВЛИЈАЕ НЕГАТИВНО, А СЕКОЈДНЕВНО ЈА ЈАДЕМЕ: Еве која храна предизвикува хормонална нерамнотежа во телото!

popara31 август, 20201min0
сф

Рамнотежата на хормоните во организмот е важна за општата здравствена состојба на организмот. Хормоните ја контролираат нашата телесна тежина, репродуктивното здравје, влијаат на нашето расположение, концентрацијата на енергија и спиењето, како и врз работата на виталните органи.


Постојат различни природни намирници кои се препорачуваат за балансирање на хормоните во организмот. Обично тоа е свежа и органска храна богата со витамини, минерали и храна која има антиинфламаторно дејство.
На пример, зелка, авокадо, лосос, бадеми, маслиново масло, органски јогурт и друга здрава храна, зачини и билки.

Детален план за исхрана за здравјето и рамнотежата на хормоните најдобро ќе ви го припише лекар или нутриционист, кој е упатен во тоа кои хормони се точно надвор од рамнотежа.

Сепак, има храна која негативно влијае на состојбата на хормоните кај секој од нас ако се консумира прекумерно. Ова е храната што многумина од нас ја имаат во секојдневната употреба и не знаеме колку може да ги наруши нашите хормони.

Еве ја храната која треба да ја ограничите, за вашето тело да има целосен хормонален баланс:

  1. Масно месо – негативно влијае на нивото на естрогенот во организмот (симптоми на зголемен естроген обично се вишок килограми, цисти на јајниците и болни и чувствителни гради)
  2. Шеќер (колачи, пити, слатки, засладени пијалоци …) – прекумерното конзумирање на шеќер доведува до отпорност на инсулин, па најчестите симптоми се полицистични јајници, вишок килограми и предјабетес.
  3. Прекумерно конзумирање на овошје – доведува до зголемен лептин во организмот. Најчестите симптоми се зголемен апетит и вишок тежина.
  4. Кофеин – Внесување на премногу кофеин во организмот предизвикува нерамнотежа на кортизол (хормон на стрес). Најчестите симптоми на покачен кортизол се зголемен стрес, несоница и неконтролиран апетит.
  5. Бел леб / бело пченично брашно – прекумерно конзумирање може да предизвика зголемено лачење на тироидните хормони и отпорност на инсулин. Симптомите вклучуваат надуеност, исцрпеност и опаѓање на косата.
  6. Премногу млечни производи – прекумерното внесување на млечни производи може негативно да влијае на хормоните за раст.
  7. Храна полна со адитиви и токсини (алкохол, закуски, вештачки сокови, храна третирана со пестициди …) – најчесто имаат негативен ефект врз нерамнотежата на тестостерон, а симптомите се проблеми со либидото, недостаток на енергија, ослабен имунитет, гадење и чести настинки.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag